Животен стил

Совети за животниот стил на новата мајка

Сега, со пристигнувањето на Вашето бебе, почнувате нова фаза во Вашиот живот. Веднаш по породувањето некои жени се чувствуваат среќно и возбудено, но не се грижете ако Вие не се чувствувате така бидејќи е сосема нормално на почеток да имате „измешани“ чувства.

Ако сте првпат мајка, секоја мала работа поврзана со Вашето бебе ќе претставува ново искуство за Вас, што може да е и прекрасно и напорно во исто време.

Недоволниот сон во текот на ноќта веројатно е најголем предизвик за секоја мајка и може да влијае врз неа како физички така и емоционално. Следете го ритамот на Вашето бебе и одморајте секогаш кога Вашето дете спие.. Научете како да поставувате приоритети, правете го само она што е неопходно и оставајте ги домашните обврски на другите што е можно почесто. Сосема е во ред да се побара помош и таа да се прифати кога ќе Ви биде понудена.

Некои жени може да поминуваат низ постпородилна депресија. Тие обично се чувствуваат тажно, немоќно, несигурно и вознемирено или претерано се осетливи. Ако имате вакви чувства, отворено разговарајте за нив и побарајте помош и поддршка. Можете да разговарате со Вашиот доктор, но, исто така, и со семејството и со пријателите, а особено се од помош мајките кои веќе го искусиле тоа.


Грижете се за себе!

По породувањето Вашето тело претрпува одредени промени. Исто така, ќе имате вагинално крвавење во текот на следните неколку недели, а како што Вашата матка постепено ја враќа својата форма, може да почувствувате и болка во долниот дел од стомакот. .

Некои жени имаат проблем со хемороиди, кои веројатно ќе исчезнат за неколку дена.

Иако сето ова е нормално, задолжително закажувајте редовни прегледи кај Вашиот гинеколог за да се направат потребните испитувања и да разговарате за сѐ што му се случува на Вашето тело.

И покрај тоа што сега имате бебе во семејството и дополнителни обврски, исто така, нормално е да одвоите и време за себе. Ова ќе Ви помогне да се релаксирате и да си го подигнете духот. Може да се обидете и да направите распоред на времето коешто ќе го издвојувате за себе кога Вашиот партнер или другите членови на семејството ќе поминат време со бебето без Ваше присуство. Не го користете ова слободно време за да ги надоместите домашните обврски, туку искористете го најдобро што можете, возобновете ја врската со себе и правете ги работите што сакате да ги правите. И не чувствувајте вина поради тоа! Не заборавајте дека Вашето емоционално здравје е важно како за Вас така и за целото семејство.

Може да размислите и повторно да ја воведете рутината на вежбање за да се чувствувате поенергично и порелаксирано и да му помогнете на Вашето тело да се врати во форма. Најпрво најдобро ќе биде да почнете внимателно за да не претерате. Разговарајте со Вашиот доктор пред да донесете каква било одлука.

Во врска со Вашиот сексуален живот, не се грижете ако е потребно време за да Ви се врати сексуалниот нагон. Вие минувате низ големи физички и емоционални промени, а со мајчинските обврски што ги имате сега и со недостигот од квалитетен сон, ова е сосема нормално и очекувано. Кога сепак ќе се почувствувате подготвени за секс, во принцип е во ред доколку престанало вагиналното крвавење. Сепак, секогаш е најдобро прво да се консултирате со Вашиот гинеколог.

Повторно, грижата за себе значи придржување до здравата исхрана и земање ПреМама Дуо за да Ви помогне во држењето чекор со мајчинските обврски и во обезбедувањето мајчино млеко со добар квалитет за Вашето бебе.

Конечно, грижата за мало бебе е истовремено најубавата, но и напорна работа за секоја жена. Освен што е важно да водите добра грижа за Вашето бебе, исто така е важно и задоволувањето на Вашите потреби. Не заборавајте да си честитате за сѐ што досега сте постигнале и да уживате во секој ден од животот на Вашето бебе бидејќи ќе порасне за момент.