Оваа веб-страница е во сопственост на


АЛКАЛОИД АД Скопје

бул. „Александар Македонски“ бр. 12

1000 Скопје

Република Северна Македонија

ЕМБС: 4053575


Електронска адреса: alkaloid@alkaloid.com.mk

Телефон: + 389 2 310 40 00


УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВЕБ-СТРАНИЦАТА НА „АЛКАЛОИД“ АД СКОПЈЕ

АЛКАЛОИД АД Скопје (во натамошниот текст „АЛКАЛОИД“) ви се заблагодарува за вашиот интерес за нашите производи и за посетата на нашата веб-страница (во натамошниот текст „страница“), како и за вашата комуникација со нас преку електронската пошта. Пристапот и користењето на страницата на АЛКАЛОИД истовремено значи и прифаќање на следните услови.

Информациите што се пласираат на страницата се од јавен карактер и се користат само за информативни цели. Информациите не може да се сметаат за јавна понуда или за поттикнување да се купуваат производи, услуги или хартии од вредност на АЛКАЛОИД или на други поврзани ентитети и не треба да бидат основа за донесување одлуки (вклучително инвестирање) од партнери и од клиенти на АЛКАЛОИД.

Оваа страница не обезбедува медицински и здравствени совети, ниту служи за поставување медицински дијагнози или за лекување на кој било одделен здравствен проблем, ниту, пак, може да се смета како замена за стручни совети и услуги обезбедени од здравствените работници. Секогаш побарајте совет од својот лекар или од друг здравствен работник во врска со својата здравствена состојба.

АЛКАЛОИД постојано вложува максимални напори за да обезбеди оптимално работење и квалитет на страницата, со цел информациите да бидат точни и ажурирани, како и навремено да ги отстрани повремените технички грешки или неточни информации. Перцепцијата за дадените информации може да зависи од различни фактори, вклучително научни, деловни, економски и финансиски, и во врска со ова посетителите на оваа страница треба да бидат свесни за ризиците поврзани со погрешното толкување и интерпретирање на дадените информации. Посетителите на страницата се свесни дека на сопствен ризик пристапуваат кон оваа страница, како и кон која било друга веб-страница поврзана со оваа страница. АЛКАЛОИД, како и секое друго правно лице кое учествувало во изработката, реализацијата и во одржувањето на оваа страница, КАТЕГОРИЧНО ОТФРЛА одговорност за каква било директна, индиректна, инцидентна, последователна или казнена штета што произлегува или што може да произлезе од пристапот, користењето или од неможноста за користење на нашата страница или на веб-страниците поврзани со оваа страница, како и за оштетување на компјутерската опрема или на кој било друг имот на корисникот. АЛКАЛОИД се одрекува од секаква одговорност за штета предизвикана од директно или од индиректно дејство или неактивност што сте ги презеле врз основа на информациите, услугите или содржината на оваа страница. Иако се трудиме информациите на оваа страница да бидат точни, целосни и навремени, ние не даваме никакви гаранции и КАТЕГОРИЧНО ОТФРЛАМЕ каква било одговорност за претрпена штета или загуба која произлегува од неточни, нецелосни и од ненавремени информации на веб-страницата.

АЛКАЛОИД го задржува правото во кое било време, од која било причина и без претходно известување да изврши промени во содржината на страницата или целосно да го прекине нејзиното функционирање, со што не презема одговорност за можните последици од ваквите промени.

Оваа страница може да биде поврзана со други веб-страници на кои може да пристапите. АЛКАЛОИД отфрла секаква одговорност и не им гарантира на посетителите кои пристапуваат на другите веб-страници за точноста, автентичноста и, генерално, за кои било други информации содржани на веб-страниците на трети страни. Затоа препорачуваме посетителите на овие веб-страници да се информираат за правилата на употреба и користење, вклучувајќи ги и политиките за приватност што важат за овие трети веб-страници.

Оваа страница содржи материјали, вклучувајќи текст, трговски марки, фотографии, филмови, PDF-датотеки и други слики и звук, кои се заштитени со авторски права или со други права на интелектуална сопственост. Овие права се сопственост на АЛКАЛОИД или се лиценцирани од сопствениците на правата за да може да се користат како дел од оваа страница. Секое репродуцирање, пренесување, копирање, репликација или употреба на овие материјали не е дозволено без писмено одобрение од АЛКАЛОИД. Барањето за употреба мора да го испратите до АЛКАЛОИД на следната електронска адреса: alkaloid@alkaloid.com.mk