Политика на приватност

АЛКАЛОИД АД Скопје ви се заблагодарува на Вашиот интерес за нашите производи и за посетата на нашата веб страна или за вашата комуникација со нас преку е-пошта.

Со посетувањето на веб страната на ПРЕМАМА ДУО, значи дека сте ја прочитале содржината на документот за Политика на приватност. Со разгледување и запознавање со нашата веб страна и оваа Политика на приватност, вие прифаќате и се согласувате со условите предвидени во истата.

Информациите кои на оваа веб страна се од јавен карактер, имаат за цел да информираат и не може да се сметаат за јавна понуда или поттикнување да се купуваат производи, услуги или акции на АЛКАЛОИД АД Скопје или други поврзани ентитети, ниту треба да служат како основа за донесување на одлуки (вклучително инвестирање) од страна на партнери и клиенти на АЛКАЛОИД АД Скопје.

И покрај фактот што АЛКАЛОИД АД Скопје ги вложува сите напори за навремено ажурирање на сите информации на веб страната, како и за елиминирање на техничките и фактички грешки кои повремено може да се појават, АЛКАЛОИД АД Скопје не дава гаранции ниту изјави (експлицитни или имплицитни) во врска со прецизноста, целосноста и релевантноста на било која информација презентирана на оваа веб страна и одбива секаква одговорност за користење на оваа веб страна или друга веб страна со која ве поврзува линкот содржан на оваа веб страна.

АЛКАЛОИД АД Скопје го задржува правото да изврши промени на содржината и реализацијата на овaa веб страна ПРЕМАМА ДУО, како и да го суспендира или целосно да го прекине нејзиното функционирање во било кое време без претходно известување, иако тоа не ја претпоставува обврската периодично да се ажурира истата.

Перцепцијата за информациите содржани на веб страната може да зависи од повеќе фактори, вклучително научни, деловни, економски и финансиски. Со оглед на тоа, посетителот на оваа веб страна треба да биде свесен за ризиците поврзани со погрешно толкување и интерпретирање на содржаните информации. Посетителот се согласува дека пристапувањето и користењето на оваа веб страна, како и на било која друга веб страна, преку линкот содржан на оваа веб страна, вклучително и содржината, е на негов/нејзин сопствен ризик. АЛКАЛОИД АД Скопје и сите останати кои учествувале во создавањето, реализирањето и одржувањето на оваа веб страна и линкот содржан на оваа веб страна до посетителот, нема да се сметаат за одговорни за било каква директна, ненамерна, последична или казнива штета која ви е нанесена вам, на вашата компјутерска опрема или на друг имот или пак на трета страна, заради пристапување, користење или неможност за користење на оваа веб страна или страна која е поврзана со оваа веб страна.

Посетителите не треба да ги користат информациите на оваа веб страна како медицински совет или друг вид на совет. Треба да се има во предвид дека само доктор кој ќе ве прегледа, земајќи ги во предвид индивидуалните карактеристики на вашиот организам и воспоставувајќи контрола над користењето на лековите, може да го одреди изборот, целта и начинот на примена на фармацевтскиот производ. Пред да започнете со користење на фармацевтски производ наведен на оваа веб страна потребно е да побарате професионален совет од доктор и да го прочитате упатството за употреба на тој производ.Оваа веб страна на АЛКАЛОИД АД Скопје може да содржи информации кои се однесуваат на идни ситуации. Тие информации содржат голема несигурност и се предмет на значително влијание на повеќе фактори, вклучително научни, деловни, економски и финансиски, и следователно, фактичките резултати може значително да се разликуваат од оние наведени на оваа веб страна.

Сите линкови до интернет сајтови на трети страни се обезбедени само заради олеснување на посетителите. АЛКАЛОИД АД Скопје во никој случај нема намера да изрази свое одобрување или друго мислење во врска со содржината на интернет страните на тие трети страни за кои се обезбедени линкови, ниту ќе се смета за одговорна за информациите кои се достапни за нив и за последиците од евентуалното нивно користење.

Сите заштитни знаци наведени на оваа веб страна се сопственост на АЛКАЛОИД АД Скопје.

Оваа веб страна, како и информациите кои се содржат или се наведени во неа се обезбедени само за информативни цели. Секакво репродуцирање, пренесување, копирање, умножување и користење на тие информации, слики, звучни информации презентирани на оваа веб страна, како и линковите до нив, е забрането без претходна писмена согласност на АЛКАЛОИД АД Скопје. Барање за користење на информации содржани на оваа веб страна треба да се достави до администраторот на оваа веб страна од АЛКАЛОИД АД Скопје.

ПРИБИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ

Нашата веб страна може да ја користите без да ги откривате вашите лични податоци. Од вас не се бара да наведете лични податоци како услов за користење на нашата веб страна, освен кога е потребно за да ви доставиме информација за производ или услуга на Ваше барање. Кога ја користите нашата веб страна може да се прибираат податоци со цел да Ви се обезбедат информациите кои Вие ги барате. Овие податоци може да вклучуваат име на вашиот интернет сервис провајдер, веб страната која сте ја користеле за да се поврзете со нашата веб страна, веб страните кои ги посетувате од нашата веб страна и Вашата IP- адреса. Со овие податоци може да се дојде до Ваша идентификација, но ние не ги користиме за таа цел но повремено ги користиме и тоа само за статистички цели, при што ја запазуваме анонимноста на секој поединечен посетител..

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ИНФОРМАЦИИ

Во случаи кога личните податоци се доставуваат до други страни за да ви ги обезбедат производите или услугите кои вие сте ги барале, или за цели за кои вие сте ги овластиле, ние се потпираме на технички средства за да обезбедиме дека се почитува апликативната безбедносна регулатива за заштита на лични податоци.

Преносот на информации преку интернет или преку мобилни уреди не може да биде целосно безбеден и секој пренос е на ваш сопствен ризик.

ПРИБИРАЊЕ И ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Лични податоци прибираме кога корисникот ќе ни ги достави на нашата контакт емејл адреса, притоа единствено со цел да го обработиме барањето како дел од нарачката за производи или услуги, прашања или барања за материјали што се нарачани и други слични ситуации во кои избрал да ни достави информации. Контакт податоците и нивната содржина пристигаат во АЛКАЛОИД АД Скопје, на процесорите за податоци или сервери што се под наша контрола или под контрола на нашите партнери односно фирмата што ја обработува оваа веб страна (во понатамошниот текст “партнер”). Ниту АЛКАЛОИД АД Скопје, ниту партнерот нема да ги отстапат вашите лични податоци на трети страни во било каква форма, освен ако не добиеме ваша согласност или пак сме законски обврзани да го сториме тоа. Ние ќе ја преземеме контролата и одговорноста за користењето на личните податоци кои нам ни ги откривате.

АЛКАЛОИД АД Скопје нема да се смета за одговорен за било каков обид за хакирање со кој податоците би можеле да бидат компромитирани.

ПРИБИРАЊЕ И ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ВО СЕКЦИЈАТА „СОВЕТУВАЈТЕ СЕ СО ГИНЕКОЛОГ“

За да ја користите секцијата “Советувајте се со гинеколог“, треба да доставите Ваша електронска (email) адреса.. Личните податоци ги прибираме кога вие ќе ни ги доставите преку формата “Советувајте се со гинеколог“ единствено со цел да го обработиме Вашето барање.

Во секцијата “Советувајте се со гинеколог“ можете да контактирате со гинеколог со кој Алкалоид АД Скопје соработува. Притоа ќе тежиме оваа секција да функционира цело време, иако може да се јават временски празнини во случај да немаме достапен гинеколог за соработка во одреден период.

Информациите наведени во секцијата “Советувајте се со гинеколог“ имаат за цел само да информираат. За веродостоен медицински совет, земајќи ги во предвид индивидуалните особини на вашиот организам, најдобро е да ја посетите ординацијата на вашиот гинеколог.

ЦЕЛИ НА КОРИСТЕЊЕ

Податоците кои ги прибираме ќе се користат само за да овозможат да ја користите веб страната и да ви се достават производите и услугите што ги барате или за други цели за кои ја имаме вашата согласност, освен во случаи предвидени со закон.

ПРАВО НА ПРИСТАП И КОРЕКЦИИ

Вие имате право да ги ревидирате и дополните личните податоци кои се складирани во нашиот систем доколку сметате дека се застарени или неточни. Само испратете е-пошта на адресата дадена во импринтот.

ЗАДРЖУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ

Личните податоци ги задржуваме само онолку што е потребно за да ви испорачаме одговор на прашањата што сте ги побарале или за кои сме ја добиле вашата согласност, освен во случаи предвидени со закон (на пр. во врска со тековен судски процес).

Што се колачиња?

Колачињата претставуваат мали датотеки (fileѕ) со податоци кои се инсталираат на Вашиот компјутер или на Вашиот мобилен телефон кога посетувате веб-страница. Колачињата се многу користени од страна на интернет-испорачувачите (providerѕ), со цел (на пример) нивните веб-страници или услуги да функционираат или, пак, за да функционираат поефикасно, како и за да обезбедат информации за одредени цели.

Колачињата се разликуваат според следните карактеристики:

  • Привремени, колачиња кои автоматски се бришат кога ќе го затворите пребарувачот, или трајни колачиња, кои остануваат складирани во пребарувачот до истекот на одреден период (неколку минути, денови или подолго).
  • Колачиња од први страни (поставени од сопственикот на веб-страницата) или колачиња од трети страни (поставени од надворешен партнер којшто ја користи страницата за посакуваната цел).

Какви колачиња користиме ние?

Ниe користиме три вида колачиња:

1. Неопходни колачиња, коишто се потребни за веб-страницата да функционира правилно. Без овие колачиња ќе се намали функционалноста на веб-страницата.

2. Функционални колачиња, коишто памeтат каков избор направил корисникот, а имаат за цел да го подобрат неговото користење на страницата. Ние го користиме следното функционално колаче:


Колачиња Време на активност Цел и содржина
WHGCOOKIECONSENT 12 месеци Ја памeти Вашата одлука дали сте прифатите или сте одбиле користење колачиња за аналитика

3. Колачиња за аналитика, коишто се користат за анализа на веб-страницата и за маркетинг-цели. Овој вид колачиња што ги користиме на нашата веб-страница се опишани подолу:


Колачиња за аналитика и приспособување. Овие колачиња прибираат збирни информации за да ни помагаат да разбереме како се користат нашите веб-страници или колку се ефективни нашите маркетинг-кампањи, или за да ни помогнат во приспособувањето на нашите веб-страници и апликации, со цел да го подобриме Вашето користење на страницата.



Листа на колачиња за аналитика коишто се користат: Време на активност

Google Analytics


Google Analytics прибира информации со кои ни овозможува да ги разбереме интеракциите со нашите веб-страници за, во крајна линија, да ги анализираме резултатите за да обезбедиме подобри услуги. Повеќе информации за Google Analytics ќе најдете на


https://tools.google.com/dlpage/gaoptout.

12 months


Како можам да ги контролирам колачињата?

Може да ги контролирате и/или да ги бришете колачињата – за повеќе информации видете на aboutcookies.org. Може да ги избришете сите колачиња што се веќе инсталирани во Вашиот компјутер, а на скоро сите пребарувачи имате опција да се спречи нивното инсталирање. Ако го направите ова, можеби ќе мора рачно да ги одбирате Вашите преферирани опции секогаш кога ќе ја посетувате веб-страницата, а некои услуги и функции може да не функционираат.

Колачиња за аналитика користиме само со Ваша согласност. При Вашето прво пристапување на нашата веб-страница се појавува банер кој бара Ваша согласност за да ги прифатите колачињата. Ако кликнете на банерот „се согласувам“ или ако кликнете „активирај“ во делот „Листа на користени колачиња за аналитика“, тоа ќе се смета за Ваша согласност за користење на колачињата за аналитика наведени погоре и тие колачиња ќе ги инсталираме во Вашиот компјутер. Банерот нема да се појавува сѐ додека колачето е активно. По истекот на времето на активност на колачето или ако го деактивирате колачето во делот „Листа на користени колачиња за аналитика“, банерот повторно ќе се појави и ќе побара Ваша согласност за период од една година откако сте го деактивирале колачето. Доколку, во кое било време се премислите и сакате да го одбиете користењето на колачињата за аналитика, Ве молиме кликнете на „деактивирај“ во делот „Листа на користени колачиња за аналитика“ или ако Ви е потребна наша помош, пишете ни на нашата електронска пошта [email protected]к

Колку често ќе ја ажурирате оваа Изјава за користење колачиња?

Оваа Изјава за користење колачиња ќе ја ажурираме повремено, со цел да ги одразува, на пример, промените коишто се однесуваат на користењето колачиња настанати од оперативни, законски или регулативни причини. Затоа, Ве молиме редовно да се навраќате на оваа Изјава за користење колачиња за да бидете информирани во врска со нашето користење на колачињата и на поврзаните технологии.

Датумот што се наоѓа на крајот од оваа Изјава за користење колачиња ја означува последната нејзина верзија.

КОНТАКТИ

Сите прашања и рекламации во врска со вашите лични податоци треба да се достават во писмена форма до:


АЛКАЛОИД АД Скопје

Булевар Александар Македонски 12, 1000 Скопје, Република Македонија


или преку електронска пошта на [email protected]к