ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

За да разбереме како ja користат посетителите нашaтa веб-страницa и за да им овозможиме подобро искуство, може да собираме некои ваши податоци со специјалната алатка наречена колачиња (Cookies).

Што се колачиња?

Колачињата претставуваат мали датотеки со податоци, кои се поставени на вашиот компјутер или мобилен телефон кога посетувате одредена веб-страница. Колачињата се користат многу често од сопствениците на веб-страниците со цел да се олесни функционирањето на веб-страницата или да се запомнат вашите активности и преференции, за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб-страницата и за да се прикаже нејзината навигациска историја. Овие текстуални датотеки може да бидат прочитани од веб-страниците што ги посетувате и да помогнат во вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб-страницата.

Колачињата поставени од сопственикот на веб-страницата или од провајдерот на услуги (во овој случај АЛКАЛОИД АД Скопје) се нарекуваат „колачиња на првата страна“. Колачињата што се поставени од други страни, а не од сопственикот на веб-страницата, се нарекуваат „колачиња на трети страни“.

ЗОШТО КОРИСТИМЕ КОЛАЧИЊА И ДРУГИ ТЕХНОЛОГИИ ЗА СЛЕДЕЊЕ?

Користиме колачиња на прва страна и колачиња на трета страна од неколку причини. Некои колачиња се потребни од технички причини, заради овозможување на функционалноста на веб-страницата и на услугите што ги нудиме, и нив ги сметаме за суштински или неопходни колачиња. Другите колачиња ни овозможуваат нам и на трети страни со кои соработуваме да ги следиме и да ги таргетираме интересите на посетителите на нашите веб-страници и нив ги нарекуваме колачиња за перформанси или функционалност. На пример, користиме колачиња за да собереме збирни статистички податоци или за да ја приспособиме содржината на информациите што ви ги испраќаме или презентираме и на тој начин го персонализираме вашето искуство додека сте во интеракција со нашите веб-страници. Исто така, трети страни пласираат колачиња преку нашите веб-страници за рекламни цели, аналитика и за други цели.

КОЛАЧИЊА ПОСТАВЕНИ ПРЕКУ НАШAТA ВЕБ-СТРАНИЦА

Видовите колачиња на првата страна и на трети страни, кои се поставени преку нашата веб-страница, и целите за кои се поставени се детално опишани во табелата подолу.

КОЛАЧИЊА ПОТРЕБНИ ЗАРАДИ ТЕХНИЧКИ ЦЕЛИ

КОЛАЧИЊА ОПИС
ASP.Net session Идентификатор на складирање на ASP податоци, поставени кога се користи ASP сесија ()метод
UniqueID Анонимна идентификација на времетраењето на посетата за статистичка анализа со цел оптимизирање на веб страната. Не се прибираат лични податоци
WHGCOOKIECONSENT Ја памети одлуката за користење опциски колачиња. Ја чува вашата одлука да прифатите или да одбиете користење опциски колачиња. Не се прибираат лични податоци. Рок на траење: 12 месеци

КОЛАЧИЊА ЗА АНАЛИТИКА И ПРИЛАГОДУВАЊЕ

Овие колачиња прибираат збирни информации, со цел да ни помогнат да разбереме како се користат нашите веб-страници, колку се ефектни нашите маркетинг-кампањи или за да ни помогнат во креирањето на нашите веб-страници и апликации, со цел да го подобриме вашето користење на страницата.

КАТЕГОРИИ КОЛАЧИЊА

Google Analytics


Google Analytics прибира информации со кои ни овозможува да ги разбереме интеракциите со нашите веб-страници, за во крајна линија да ги анализираме резултатите со цел обезбедување подобри услуги.


ДРУГИ ТЕХНОЛОГИИ ЗА СЛЕДЕЊЕ

Ние и нашите партнери може повремено да користиме други технологии, како што се web beacons, pixels (или clear gifs) и други слични технологии за следење. Ова се минијатурни, графички датотеки кои содржат единствен идентификатор, што ни овозможува да препознаеме кога некој ја посетил нашата веб-страница. Преку нив можеме да го следиме интернет-сообраќајот на корисниците од една до друга наша веб-страница, да комуницираме со колачињата, да разбереме дали сте дошле до нашата веб-страница од електронската реклама поставена на веб-страница на некоја трета страна, да ви пласираме целни реклами, да ја подобриме функционалноста на веб-страницата и да го измериме успехот на нашите маркетинг-кампањи. Повеќето од овие технологии за следење се потпираат на колачиња за перформанси или функционалност и со нивното оневозможување може да ја ограничите функционалноста на веб-страницата.

Користиме и колачиња кои ни помагаат да прикажуваме реклами на други платформи на корисниците кои се заинтересирани за производите што ги промовираме.

КАТЕГОРИИ КОЛАЧИЊА

Facebook


Facebook Pixel прибира информации со кои ни овозможува да ја разбереме интеракцијата со нашата веб-страница и да прикажуваме реклами на други платформи на заинтересираните корисници..




Facebook
Pixel

КАКО МОЖАМ ДА ГИ КОНТРОЛИРАМ КОЛАЧИЊАТА?

Информациите поврзани со колачињата (cookies) не се користат за ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работата на веб-страницата, но тие би ви овозможиле подобро искуство при пребарувањето. Доколку сакате, можете да ги избришете или да ги блокирате овие колачиња, но ако го сторите тоа, некои карактеристики на оваа веб-страница можеби нема да работат правилно.

Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на вашиот компјутер и можете да го приспособите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги приспособувате преференциите секој пат кога ќе ја посетите веб-страницата, а, исто така, можно е да не работат и некои услуги и функционалности.

Подолу се наоѓаат неколку начини како може да ги контролирате колачињата.

Website Cookie Preference Tool (алатка за претпочитани колачиња на веб-страницата): колачињата што ги претпочитате можете да ги одберете ако го посетите TRUSTe preference center, со кликнување на следниот линк: http://preferences-mgr.truste.com/.

Browser Controls (контрола на пребарувач): можете да ги поставите или да ги дополните контролите на својот веб-пребарувач да прифаќа или да одбива колачиња. Доколку одбиете колачиња (cookies), некои карактеристики и функционалности на оваа веб-страница можеби нема да работат правилно.

Disabling Most Interest Based Advertising: оневозможување на најголемиот дел од рекламирањето базирано на интересот на корисникот. Повеќето од рекламните мрежи ви овозможуваат начин да го откажете рекламирањето базирано на интерес. За повеќе информации посетете ја веб-страницата http://www.aboutads.info/choices/ или http://www.youronlinechoices.com

Mobile Advertising (мобилно рекламирање): можете да ги откажете идентификаторите за мобилно рекламирање, кои се користат за некои видови рекламирање базирано на интерес, вклучително и оние што ги користиме ние, преку пристап до поставувањата (settings) на вашиот мобилен телефон (Apple или Android) и преку следење соодветни инструкции. Доколку ги откажете, ние ќе ги отстраниме сите податоци за вас и натаму нема да прибираме и да следиме ваши податоци. Ова значи дека, доколку во иднина решите да пристапите на нашите веб-страници, вие ќе бидете третиран како нов корисник во нашиот систем.

Do Not Track (не следи): некои интернет-пребарувачи, како што се Internet Explorer, Firefox и Safari, ја вклучуваат и можноста да се пренесат сигналите Do Not Track или DNT. Бидејќи не се усвоени единствени стандарди за DNT, нашите веб-страници во моментов не процесираат и не реагираат на DNT-сигнали. АЛКАЛОИД АД Скопје сериозно пристапува кон прашањата за приватност и кон правото на сопствен избор и ќе вложи напори да продолжи со следење на најновите случувања во врска со DNT на пребарување и на примена на единствен стандард. За повеќе информации во врска со DNT посетете ја веб-страницата All About Do Not Track.

ПРОМЕНИ ВО УСЛОВИТЕ ЗА УПОТРЕБА НА ПОЛИТИКАТА ЗА КОЛАЧИЊА

Политиката за колачиња повремено може да се менува, со цел да вклучиме можни промени во колачињата што ги користиме или од други оперативни, правни или регулаторни причини. Поради тоа, ве молиме, редовно прегледувајте ја оваа политика за колачиња, со цел да бидете информирани како ги користиме колачињата и другите технологии за следење.

Датум на последна измена 04.08.2021 Скопје

Ние и нашите партнери може повремено да користиме други технологии, како што се web beacons, pixels (или clear gifs) и други слични технологии за следење. Ова се минијатурни, графички датотеки кои содржат единствен идентификатор, што ни овозможува да препознаеме кога некој ја посетил нашата веб-страница. Преку нив можеме да го следиме интернет-сообраќајот на корисниците од една до друга наша веб-страница, да комуницираме со колачињата, да разбереме дали сте дошле до нашата веб-страница од електронската реклама поставена на веб-страница на некоја трета страна, да ви пласираме целни реклами, да ја подобриме функционалноста на веб-страницата и да го измериме успехот на нашите маркетинг-кампањи. Повеќето од овие технологии за следење се потпираат на колачиња за перформанси или функционалност и со нивното оневозможување може да ја ограничите функционалноста на веб-страницата.

Користиме и колачиња кои ни помагаат да прикажуваме реклами на други платформи на корисниците кои се заинтересирани за производите што ги промовираме.

КАТЕГОРИИ КОЛАЧИЊА

Facebook


Facebook Pixel прибира информации со кои ни овозможува да ја разбереме интеракцијата со нашата веб-страница и да прикажуваме реклами на други платформи на заинтересираните корисници..




Facebook
Pixel