Животен стил

Животен стил при обидите за зачнување бебе 

Важно е да се грижите за себе за да се подготвите за предизвиците на бременоста и на мајчинството.

Ние веќе ја нагласивме важноста од здравата исхрана и од она што треба да се избегнува, како алкохолот, пушењето и високото ниво на кофеин, како и од можноста да размислите за примена на додаток во исхраната – Премама Дуо, како помош при обезбедување на потребните микрохранливи материи.

Ако водите активен живот и сте многу зафатени, треба да се обидете да забавите малку и да го намалите стресот. Најдете време за себе и време да се релаксирате, да поминете повеќе квалитетни моменти со Вашиот партнер, со пријателите или да правите работи кои ве прават среќни и смирени.

Потрудете се да спиете доволно.

Физичката активност, исто така, е важна. Вежби со умерен интензитет, како пливањето, брзото одење или возењето велосипед, ќе Ви помогнат да останете здрави и во добра форма и ќе Ви помогнат полесно да ја намалите тензијата и стресот акумулирани во текот на денот.

Конечно, треба да сте свесни дека бебето кое пристигнува во семејството е голема промена, како и одговорност. Затоа осигурете се дека сте ја донеле вистинската одлука за Вас и за Вашиот партнер.

Исто така, не заборавајте да го информирате гинекологот за Вашите планови и за тоа дали Вие или Вашиот партнер имате некоја болест за којашто е потребно редовно примање одреден лек или, доколку постои, некое генетско нарушување во Вашето или во семејството на Вашиот партнер итн.