УПОТРЕБА И ВАЖНОСТ

Премама Дуо – пред зачнување, во тек на бременост и во тек на доење

ПреМама Дуо е додаток во исхраната што содржи витамини, минерали и омега 3 масни киселини (DHA и EPA). Производот претставува посебна формулација што му помага на Вашето тело да се подготви за бременост и да ги задоволи зголемените потреби од микрохранливи состојки во текот на бременоста и во текот на доењето.

Се обидувате да зачнете бебе…

Од голема важност е телото на идната мајка да биде подготвено за здрава бременост.

Првите неколку недели од бременоста по зачнувањето се најважни за развојот на органите на бебето, а не е невообичаено жената во тој период сѐ уште да не е свесна дека е бремена.

Здравата исхрана е важна поради содржината на хранливите состојки битни за подготовка на телото за бременост, но и покрај сите напори, може да не е доволно да се потпрете само на исхраната. Поради тоа, важно е, штом почнете да се обидувате да зачнете бебе, да започнете со земање ПреМама Дуо.

Бременост…

4 Ова е период на интензивен развој на телото на бебето и на зголемена потреба од енергија и од хранливи состојки како за мајката така и за бебето. Нема потреба да се јаде за двајца, туку наместо тоа, треба да се јаде соодветно.

Освен редовната и здрава исхрана, секојдневното земање ПреМама Дуо помага да се примат најважните микрохранливи состојки, потребни за поддршка на здрава бременост и на правилен развој на Вашето бебе.

Доење…

Најверојатно повеќето мајки ќе се одлучат да го дојат своето бебе. Иако е една од најкорисните и најпрекрасните работи што може да ги направите за Вашето бебе и за Вас, доењето може да претставува голем предизвик во однос на хранливите материи, бидејќи во првите неколку месеци од животот на Вашето бебе, неговиот раст и развој ќе зависат исклучиво од исхраната што ја добива преку доењето.

1 Енергетските и прехранбени потреби, исто така, се зголемуваат во текот на доењето, не само заради обезбедување соодветна исхрана за бебето туку и заради поддршката на мајчиното тело, како и за одржување на нивото на енергија, што е многу важно за овој период.

СОСТАВ

Состав на Премама Дуо

ПреМама Дуо е додаток во исхраната што содржи витамини, минерали и омега 3 масни киселини (DHA и EPA), поделени во таблети и во капсули. Секоја таблета се состои од 11 витамини и од 10 минерали, а капсулите се богати со омега 3 масни киселини.

Вкупниот состав на микрохранливите елементи во ПреМама Дуо е наведен во табелата подолу:

Состав 1 таблета
Витамин Б1 (тијамин) 1,4 mg
Витамин Б2 (рибофлавин) 1,4 mg
Витамин Б3 (нијацин, никотинамид) 18 mg
Витамин Б6 1,9 mg
Витамин Б12 2,6 μg
Витамин Ц 85 mg
Витамин Д 10 μg
Витамин E 15 mg
Пантотенска киселина 6 mg
Фолна киселина 400 μg
Биотин 30 μg
Цинк 5 mg
Железо 15 mg
Калциум 200 mg
Јод 150 μg
Магнезиум 56,3 mg
Бакар 1 mg
Манган 2,0 mg
Селен 60 μg
Хром 30 μg
Молибден 50 μg
Состав 1 капсула
DHA (докосахексаеноична киселина) 200 mg
EPA (еикосапентаеноична киселина) 400 mg
Витамин E 3,3 mg


ГЛАВНИ СОСТОЈКИ

ГЛАВНИ СОСТОЈКИ НА ПРЕМАМА ДУО И НИВНА ВАЖНОСТ

Фолна киселина

1, 2 Фолната киселина е особена важна за жените кои планираат бременост и за бремените жени, со оглед на тоа што ниските нивоа на фолна киселина се сериозен фактор на ризик за развој на оштетувања на невралната туба на фетусот. Невралната туба го формира мозокот на бебето и ’рбетниот мозок, што е од особена важност за целиот нервен систем. 2 Се препорачува да се зема 400 mсg фолна киселина пред зачнување и во текот на првите 12 недели од бременоста.

Витамин Д

1 1Витаминот Д придонесува за нормална апсорпција на калциумот и на фосфорот во телото и, исто така, го одржува потребното ниво на калциум во крвта, важно за здрави заби и коски. 2 Се препорачува бремените жени да внесуваат 10 mcg витамин Д дневно за да одржат соодветни нивоа на витамин Д во текот на бременоста и на доењето, што е важно како за мајката така и за бебето. Ова е особено важно за жените кои не излегуваат многу и подолго време поминуваат во затворен простор.

Јод

1 Јодот помага при создавање на хормоните на тироидната жлезда и го поддржува нејзиното функционирање. 3 Важен е за развој на здрав мозок и нервен систем во текот на гестацискиот период и во раниот период од животот на новороденчето. Потребите за јод се зголемуваат во текот на бременоста и на доењето. Поради тоа, важно е бремените жени и доилките да внесуваат јод во соодветни количини, што лесно се врши преку земање додатоци во исхраната како ПреМама Дуо.

Железо

1 Железото придонесува за формирање на црвените крвни клетки и е битно за транспортот на кислородот во телото, а помага и за одржување нормален метаболизам, како и за намалување на заморот и на исцрпеноста. Надоместувањето на железото е корисно за заштита од анемија, која е вообичаена за бремените жени.

Витамин Ц

1 Витаминот Ц е важен за нормално функционирање на имунолошкиот систем и придонесува за апсорпција на железото во телото. Тој помага за намалување на симптомите на замор и на исцрпеност, кои жените обично ги чувствуваат во текот на бременоста или на доењето.

DHA (Докосахексаеноична киселина)

1 1DHA е многу важна состојка на ПреМама Дуо бидејќи научно е докажано дека количината од 200 mg докосахексаеноична киселина што мајката ја прима дневно придонесува за нормален развој на мозокот и на очите на фетусот и на доенчето.

За да внесат доволни количини DHA, се советува бремените жени и доилките да консумираат помрсна риба, како лосос, пастрмка, сардина или скуша, или едноставно оваа состојка во доволни количини да ја внесат преку додаток во исхраната, како ПреМама Дуо

ДОЗИРАЊЕ

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИНИ НА ПРИМЕНА НА ПРЕМАМА ДУО

ПреМама Дуо се состои од таблети и од капсули. На жените кои планираат бременост, на бремените жени и на доилките им се препорачува да земаат по една таблета и по една капсула дневно, во кое било време од денот, по можност по оброк.


ПАКУВАЊЕ

ПАКУВАЊЕ НА ПРЕМАМА ДУО

Секое пакување ПреМама Дуо се состои од 30 таблети и од 30 капсули.

Премама ДУО

Пред зачнување, во тек на бременост и во тек на доење
11 витамини
10 минерали
Со DHA
30 таблети
30 капсули