Исхрана


Вашата исхрана во текот на бременоста

Здравата исхрана е особено важна за време на бременоста. Не само што е важно да се грижите за себе туку и Вашето бебе сега зависи од Вас во однос на исхраната што ја добива, потребна за адекватен раст и развој.

Иако се вели дека за време на бременоста треба да „јадете за двајца”, ова не значи дека треба да ја удвоите количината храна што ја јадете, туку да водите грижа за квалитетот на храната што ја внесувате.

5Општо кажано, на бремена жена и се потребни само околу 300 калории дневно повеќе отколку кога не е бремена.

Исто така, не Ви е потребно да сте на некоја посебна диета за време на бременоста, туку само да ги следите истите принципи за здрава исхрана од периодот пред да забремените. Ова значи дека треба да се направи добра рамнотежа на внесување јаглехидрати, протеини и масти и да се вклучи многу свежо овошје и зеленчук за да ги добиете витамините и минералите, како и растителни влакна, што е важно за доброто варење, бидејќи бремените жени честопати имаат проблеми со запек.

Добри извори на јаглехидрати се: леб, компири, ориз, тестенини и жита. Кога е можно, одберете полнозрнести жита и оставете ја лушпата на компирите кога ги печете за да го зголемите внесувањето растителни влакна. Протеини може да добиете од: месо, јајца, риба и млечни производи. Гравот, грашокот и леќата се добра замена за месо. За да се избегне прекумерно зголемување на телесната тежина, препорачливо е да се држите до незаситените масти, како што се растителните масла.

Колку е поразновидна Вашата исхрана толку е поголема веројатноста дека ќе внесувате доволно од тоа што Ви е потребно.

Не заборавајте да пиете многу вода за да се хидрирате.

Исто така, задолжително добро мијте ги овошјето и зеленчукот пред да ги јадете и добро термички обработувајте ја храната.

Размислете да воведете во Вашата исхрана и мрсна риба, како лосос, пастрмка, сардина или скуша. Овие риби се богати со омега 3 масни киселини, како DHA и EPA, кои се корисни не само за Вас туку и за Вашето бебе. 1,77Имено, докажано е дека кога мајката дневно внесува 200 mg DHA придонесува за нормален развој на мозокот и на очите на фетусот.

Можеби сте загрижени за потеклото и за можните загадувачи на рибата што Ви е достапна или ако Ви е позгодно да земете додаток во исхраната, спокојно може да се потпрете на ПреМама Дуо бидејќи го содржи точното количество DHA коешто е потребно.

Сепак, доколку не сте сигурни за изборот на Вашата храна, може да размислите да се посоветувате со доктор или со нутриционист.

Што да се избегнува?

Избегнувајте да внесувате преработена храна бидејќи таа е многу калорична, а притоа има ниска хранлива вредност. Намалете го консумирањето производи со висока содржина на шеќер, како што се: чоколадо, благи работи, бисквити, колачиња, безалкохолни пијалаци со додаден шеќер итн. Премногу шеќер во исхраната може да предизвика создавање вишок килограми, кои можат дополнително да ја оптоварат Вашата бременост, а подоцна ќе биде тешко да се изгубат.

За да избегнете можно труење од храна, треба да избегнувате непастеризирани млечни производи, како што е топеното сирење; паштета и полузготвено месо; сурова или чадена морска храна; живи јајца и претходно подготвени салати.

2Исто така, не се препорачува да се внесуваат големи количини од витаминот А во текот на бременоста бидејќи тоа може да биде штетно за Вашето бебе кое се развива. Поради тоа, избегнувајте џигер и производи од џигер затоа што тие содржат високи количини витамин А. Во овој контекст, исто така, треба да внимавате при изборот и на додатоците во исхраната.

Избегнувајте алкохол и пушење во текот на бременоста и намалете го консумирањето кофеин бидејќи тие можат да влијаат врз Вашето бебе кое се развива. Не заборавајте дека освен кафето и чајот, чоколадото и одредени безалкохолни пијалаци, исто така, содржат кофеин.

Конечно, постојаното придржување до здравата исхрана може да претставува предизвик и природно е да се прашувате дали ја правите вистинската работа. Поради тоа, може да размислите и за воведување, доколку тоа сѐ уште не сте го направиле, на специјално формулиран додаток во исхраната, како што е ПреМама Дуо, како дополнителна поддршка при обезбедувањето на потребните микрохранливи елементи за здрава бременост.


Утринска мачнина

Многу жени доживуваат „утринска мачнина” во текот на својата бременост. Таа се карактеризира со симптоми, како мачнина и повраќање, кои веројатно ќе исчезнат по првиот триместар. Иако се нарекува утринска мачнина, симптомите може да се појават во секое време од денот и од ноќта, а ако имате помалку среќа, и да траат во текот на целиот ден.

Можеби ќе имате чувство дека внесувањето малку храна би билo од помош, но дури и да е така, ефектот не трае долго и може дополнително да предизвика повраќање.

Најдобро е да се држите до редовните оброци и ужинки, да избегнувате обемни оброци, како и мрсна и зачинета храна. Исто така, може да се обидете да вклучите различни видови храна и да видите што е најдобро за Вас, но обидете се тоа да биде што е можно поздраво.

Не заборавајте да пиете многу вода за да се хидрирате.

„Утринската мачнина” е нешто за што не треба да се грижите бидејќи е знак за здрава бременост, но ако повраќањето е сериозно и се чувствувате истоштено, најдобро е да се консултирате со доктор.