Исхрана

Здрава исхрана за подготовка за бременост

Здравата исхрана е мошне важна при обидите за зачнување бидејќи со неа се обезбедуваат основните хранливи состојки неопходни за здравјето и битни за подготовка на телото за здрава бременост.

Препораките се однесуваат на типична здрава исхрана во којашто е вклучено многу свежо овошје и зеленчук и полнозрнести жита, кои содржат микрохранливи материи важни за функционирањето на Вашето тело, како и растителни влакна, добри за варењето. Направете добра рамнотежа внесувајќи јаглехидрати, протеини и масти.

Добри извори на јаглехидрати се: леб, компири, ориз, тестенини и жита. Кога е можно, одберете полнозрнести жита и оставете ја лушпата на компирите кога ги печете за да го зголемите внесувањето растителни влакна. Протеини може да добиете од: месо, јајца, риба и млечни производи. Гравот, грашокот и леќата се добра замена за месо. За да се избегне прекумерно зголемување на телесната тежина, препорачливо е да се држите до незаситените масти, како што се растителните масла.

Колку е поразновидна Вашата исхрана толку е поголема веројатноста дека ќе внесувате доволно од тоа што Ви е потребно.

Не заборавајте да пиете многу вода.

Сепак, доколку не сте сигурни за изборот на Вашата храна, може да размислите да се посоветувате со доктор или со нутриционист.

Што да се избегнува?

Треба да го ограничите внесувањето шеќери и да избегнувате производи како: чоколадо, бисквити, колачи, безалкохолни пијалаци со шеќер итн. Ограничете го консумирањето на сите видови преработена храна бидејќи таа е многу калорична, а нема висока хранлива вредност.

Целосно избегнувајте го алкохолот и намалете го внесувањето кофеин, што го има не само во кафето туку и во чајот, чоколадото, во одредени газирани пијалаци и во енергетските пијалаци.

Пушењето, , исто така, е штетно за Вас и за Вашето бебе и затоа е препорачливо да не се пуши кога се обидувате да добиете бебе, во текот на целата бременост и во текот на доењето.

И покрај сите напори да се храните здраво, нормално е да не сте сигурни дали добивате доволно хранливи состојки од она што секојдневно го внесувате. Затоа, може да размислите и за вклучување специјално формулиран додаток во исхраната, како што е ПреМама Дуо, кој ќе Ви обезбеди дополнителна поддршка.

Исто така, важно е да се знае дека за време на првите недели од бременоста, пред повеќето жени да дознаат дека се бремени, се формира невралната туба на бебето. Невралната туба го формира мозокот на бебето и ’рбетниот мозок, што е од особена важност за целиот нервен систем.

1Поради тоа, се препорачува земање 400 mcg фолна киселина на ден веднаш штом почнете со обидите за зачнување бидејќи клинички е докажано дека земањето додаток во исхраната којшто содржи фолна киселина во форма на фолати го намалува ризикот од дефекти на невралната туба.

Секоја таблета ПреМама Дуо обезбедува 400 mcg фолна киселина во форма на фолати.