Исхрана


Исхрана за новата мајка

Без оглед на тоа дали доите или не, важно е Вашата исхрана да биде што е можно поздрава. Можеби бременоста предизвикала недостиг на одредени микрохранливи елементи кај Вас, а од друга страна, грижата за бебето и сите попатни обврски дополнително Ве истоштуваат. Потребно Ви е разновидно мени за да можете да ги задоволите секојдневните потреби.

Доколку доите, потребна Ви е исхрана која не само што ги задоволува Вашите потреби туку и обезбедува доволно хранливи состојки за висококвалитетно мајчино млеко кое ќе придонесе за раст и развој на Вашето бебе. Ова е особено важно во првите неколку месеци од животот на бебето кога тоа зависи само од храната што ја добива преку доењето.

Важно е повторно да се држите до исхрана која е богата со свежо овошје и зеленчук за да ги добиете потребните витамини и минерали, како и растителни влакна за подобро варење.

Добри извори на јаглехидрати се: леб, компири, ориз, тестенини и жита. Кога е можно, одберете полнозрнести жита и оставете ја лушпата на компирите кога ги печете за да го зголемите внесувањето растителни влакна. Протеини може да добиете од: месо, јајца, риба и млечни производи. Гравот, грашокот и леќата се добра замена за месо. За подобро справување со килограмите, препорачливо е да се држите до незаситените масти, како што се растителните масла.

Кога доите, можеби ќе забележите дека Вашето бебе реагира на одредена храна и можеби ќе треба да го приспособите Вашето мени. Обидете се повторно што е можно повеќе да се држите до планот за разновидна исхрана за да внесете доволно од она што Ви е потребно.

Не заборавајте да пиете многу вода за да сте хидрирани. Некои жени ожеднуваат кога дојат.

Вклучување мрсна риба во Вашата исхрана, богата со омега 3 масни киселини (како лосос, пастрмка, сардина и скуша), е важно и по бременоста, особено ако сте мајка која дои. 1,77Докажано е дека кога мајката дневно внесува 200 mg DHA, придонесува за нормален развој на мозокот и на очите на бебето.

Доколку сте загрижени за потеклото и за можните загадувачи на рибата што е достапна или ако Ви е позгодно да земете додаток во исхраната, спокојно можете да се потпрете на ПреМама Дуо бидејќи го содржи точното количество DHA што е потребно.

Сепак, доколку не сте сигурни околу изборот на храната, може да размислите да се посоветувате со доктор или со нутриционист.


Што да се избегнува?

Избегнувајте преработена храна, како и храна полна со шеќери бидејќи таа е многу калорична, а има ниска хранлива вредност. Сѐ што ќе постигнете со консумирање таква храна е да го одложите враќањето на старата форма и фигура.

Иако можеби чувствувате дека со кофеинот се борите против заморот, препорачливо е да го внесувате во мали количини бидејќи кофеинот кај Вашето бебе може да предизвика немир и дополнително да Ви го наруши ритамот на спиење. Не заборавајте дека, освен кафето, и чајот, чоколадото и одредени безалкохолни пијалаци содржат кофеин и внимавајте при нивното консумирање.

Избегнувајте ги алкохолот и пушењето во текот на доењето бидејќи, исто така, можат негативно да влијаат врз Вашето бебе.

Конечно, и покрај сите напори да правите сѐ најдобро, тешко е секогаш да сте успешни и сигурни дека добивате доволно од Вашата исхрана. Поради тоа, ПреМама Дуо е препарат формулиран за да им помогне на мајките по бременоста, особено на доилките, обезбедувајќи есенцијални микрохранливи елементи за нивното здравје и за развојот на нивните бебиња.